Tuesday, May 6, 2014


Велес — град во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крстопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз - Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешаната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија па завршувајќи со СФРЈ.

Велес е значаен и познат поголем број работи. Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој една од лулките на македонската култура. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

Бубњеви

Тапаните се дел од перкусионистичката група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен одмембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен одбуково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните неможат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Нешто за мојот клуб Челси

ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) е англиски професионален фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1908 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Рафаел Бенитез од Шпанија. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има 4 титули во англискиот фудбал (1 во Прва Дивизија и 3 во Премиер Лигата).

Познати и како “сините”, или во подамнешно време како “пензионерите”, фудбалскиот клуб Челси во најголем дел од својата историја е во елитната Англиска Премиер Лига. За свој прв успех го смета финалето на Англискиот куп, каде што губи од тогашен Шефилд. Сепак својот прв поголем успех го забележува во 1955-та со освојување на тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживува во последната декада со три победи во Англиската лига (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010) и две финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот ривал Манчестер Јунајтед (2008) и во второто финале каде што извојува победа над Баерн Минхен со резултат 4-3 (пенали)

Својот дом (Стемфорд Бриџ) со капацитет од 42,500 луѓе се наоѓа во Фулам (Западен Лондон). Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

Биографија

Име: Христијан
Презиме: Нанев
Роден: 16.04.2001
Град: Велес
Омилен спорт: Фудбал
Омилен клуб: Челси
Хоби: Музика (тапанар)