Tuesday, May 6, 2014

Нешто за мојот клуб Челси

ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) е англиски професионален фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1908 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Рафаел Бенитез од Шпанија. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има 4 титули во англискиот фудбал (1 во Прва Дивизија и 3 во Премиер Лигата).

Познати и како “сините”, или во подамнешно време како “пензионерите”, фудбалскиот клуб Челси во најголем дел од својата историја е во елитната Англиска Премиер Лига. За свој прв успех го смета финалето на Англискиот куп, каде што губи од тогашен Шефилд. Сепак својот прв поголем успех го забележува во 1955-та со освојување на тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживува во последната декада со три победи во Англиската лига (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010) и две финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот ривал Манчестер Јунајтед (2008) и во второто финале каде што извојува победа над Баерн Минхен со резултат 4-3 (пенали)

Својот дом (Стемфорд Бриџ) со капацитет од 42,500 луѓе се наоѓа во Фулам (Западен Лондон). Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

0 comments:

Post a Comment