Тапаните се дел од перкусионистичката група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен одмембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен одбуково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните неможат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.
Tuesday, May 6, 2014
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Бубњеви